klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Најмалку 15 лица загинаа во рускиот напад врз Киев и околината

Најмалку 15 лица загинаа во рускиот напад врз Киев и околината
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·05. 08. 2026. 06:53:08

Најмалку 15 лица загинаа, а десетици се повредени откако Русија започна ракетен напад врз Киев и околниот регион во текот на ноќта, соопштија утрово официјални лица, пренесува ДПА. Украинската Државна служба за вонредни состојби соопшти дека 14 цивили се убиени во поширокиот регион на Киев, додека едно лице загинало во главниот град. Воената администрација на градот соопшти дека е пријавена штета во најмалку седум области низ Киев. Според ДПА, која се повикува на локалните медиуми, по нападот избувнаа неколку големи пожари, има уништени големи магацини, а погодена е и 20-катна станбена зграда. Складиштата беа погодени и во околните области Бровари, Фастив и Буча, соопштија службите за вонредни состојби. Руското Министерство за одбрана ги опиша нападите како напад од големи размери со употреба на прецизно оружје против логистичките и дистрибутивните центри за воени резерви. Украина вели дека повеќе нема доволно пресретнувачки ракети за одбрана од руски напади со балистички ракети, потсетува ДПА. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti