Најмалку 13 загинати во земјотресот во Јапонија, потрага по преживеани под урнатините

Во земјотресот со јачина од 7,1 степен што вчера го потресе подрачјето во близина на градот Кумамото загинаа најмалку 13 лица, а спасувачите итно трагаат по преживеани заробени под урнатините, изјави денеска јапонската премиерка, Санае Такаичи. „Се уште има луѓе кои чекаат да бидат спасени и ова е трка со времето. Ќе ги искористиме сите расположливи средства на терен за да спасиме и извлечеме што е можно повеќе луѓе“, изјави Такаичи пред новинарите во нејзиниот кабинет во Токио. Земјотресот остави илјадници домаќинства без електрична енергија и оштети патишта низ целиот регион. Спасувачките екипи рано изутринава извлекле осум лица од урнатините на делумно урнат трговски центар. Две жени во дваесеттите години загинале откако, според првичните информации, експлозија од непозната причина разнела дел од центарот околу еден час по земјотресот. Локалните медиуми објавија дека властите ја истражуваат можноста за експлозија на гас. Целосните размери на катастрофата се уште не се познати. Епицентарот на земјотресот бил на околу 20 километри јужно од градот Кумамото, најголемиот град во централниот дел на островот Кјушју, на кој има околу 700 илјади жители. Властите ги предупредија жителите на најпогодените подрачја да бидат подготвени за можни силни последователни потреси во текот на следната недела, како и за опасност…


