klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Најмалку 13 лица загинаа во украински напад со дронови врз руски Татарстан

Најмалку 13 лица загинаа во украински напад со дронови врз руски Татарстан
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·10. 08. 2026. 12:24:22

Во масовен украински напад со дронови врз градот Нижнекамск во руската Република Татарстан загина најмалку 13 лица, соопштија денеска локалните власти. Шефот на Република Татарстан, Рустам Миниханов, прогласи период на жалост по нападот. Неговата влада, со седиште во градот Казањ, соопшти дека уште 48 лица се повредени, пренесе ДПА. Градоначалникот на Нижнекамск, Радмир Бељаев, пријави голем напад со украински дронови врз индустриски капацитети и цивилни цели. Украинските медиуми јавија дека цел била една од најголемите рафинерии за нафта во областа. Генералштабот во Киев подоцна го потврди нападот врз рафинеријата „Танеко“ во Нижнекамск. Во својата одбранбена борба против инвазијата на Москва, Киев таргетира капацитети што ѝ припаѓаат на руската нафтена индустрија. Целта е да се лиши руската воена машина од витални приходи, како оние што произлегуваат од извозот на енергија. Украина денеска исто така пријави повредени, при што 13 лица се ранети во руски воздушен напад врз југоисточниот град Запорожје. Воениот гувернер на регионот, Иван Федоров, изјави дека врз овој индустриски град била фрлена наведувана бомба, која предизвикала штета на станбени згради и автомобили. Градот е под речиси постојани тревоги за воздушна опасност, бидејќи линијата на фронтот се наоѓа на оддалеченост од само 20 километри.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti