Најголем дел од пациентите сo западнонилска треска се од Скопскиот регион и Велес

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека скоро сите случаи со западнонилска треска во земјава се од Скопскиот регион и Велес, како и дека веќе се направени вонредни прскања, а проверени е дали општините ги запазиле планираните редовни прскања против комарци. - Минатата година скоро сите случаи беа во Јужна Македонија, сега скоро сите случаи се во Скопскиот регион заедно со Велес. Епидемиолошки властите постапија како што е соодветно. Направени се вонредни прскања на 200 метри околу живеалиштата на регистрираните пациенти, во Драчево каде што има пет потврдени случаи направено е прскање од земја, кое е поефективно отколку авионското прскање, рече Клековски во интервју за ТВ Канал 5. Министерот посочи дека е направена контрола и во Скопје и во другите општини, а најголем дел од нив се придржувале кон редоследот за прскање против комарци. - Сега останува на нас да примениме лична заштита и да се потрудиме да нема застојана вода по дворови, по бавчи итн, рече Клековски. Тој посочи дека кај нас со години има западнонилска треска, а дека пикот бил во 2019 година. - Заради минатогодишните слуачи јас како дирeктор на ФЗО решив да издвоиме средства за тестирање на даруваната крв во Институтот за трансфузиологија за да…


