klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

„Најбрзиот“ ветер во Македонија бил 150-155мк/ч

„Најбрзиот“ ветер во Македонија бил 150-155мк/ч
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·23. 07. 2026. 10:42:02

Најголемата брзина на ветер во Македонија од околу 150-155 км/час е официјално забележана во Штип во јули 2012 година, според податоците од УМХР. Последното силно невреме од 21 јули 2026 година достигна помала брзина (до 134 км/час во Штип и 130 км/час во Скопје и Струмица), што значи дека рекордот од 2012 година останува ненадминат. Пред два дена, силен ветер со брзина до 134 километри на час предизвика големи штети во повеќе делови од Македонија вчера. Искорнати дрвја, оштетени покриви, уништени возила и домови се дел од последиците од невремето, во кое беа повредени и десетици граѓани. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека станува збор за исклучително редок метеоролошки феномен за овие простори. На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17 часот, е регистриран оркан со максимален удар на ветер од 134 км/час со правец запад-северозапад додека во Скопската котлина, на Автоматската метеоролошка станица Скопје, во 16:10 часот е регистриран оркан со максимален удар од 130 км/час со правец север-северозапад.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti