klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Наградниот фонд на АТП во 2028 ќе изнесува 350 милиони долари

Наградниот фонд на АТП во 2028 ќе изнесува 350 милиони долари
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·15. 10. 2026. 16:48:25

Асоцијацијата на тениски професионалци (ATP) објави план за распределба на 350 милиони долари во наградни фондови и бонуси за играчите во 2028 година. АТП и Женската тениска асоцијација (WTA) беа жестоко критикувани поради екстремно згуснатиот натпреварувачки календар кој трае 11 месеци. Според планот на АТП, тенисерите сега ќе поделат бонус во износ од 50 милиони долари, наместо сегашните 21,1 милиони долари. Дополнителни 25 милиони долари ќе бидат распределени меѓу првите 250 играчи на ранг-листата, а дополнителни 30 милиони долари се предвидени за повеќе од 300 поранешни тенисери во форма на пензии. Дополнително, наградниот фонд на турнирите ќе биде зголемен. „Тенисот е во многу добра позиција во моментов. Нашите турнири продолжуваат да стануваат се попопуларни и подобри, а играчите имаат рекордни приходи. Но, за да останеме силни, мора да продолжиме да се развиваме“, порача првиот човек на АТП, Андреа Гауденци.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti