Над 9.000 повици до ЦУК поради невремето во Скопје и скопско

По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се регистрирани материјални штети, паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици, соопшти Центарот за управување со кризи. Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на последиците и нормализирање на состојбата. Во Скопски регион по 17 часот, преку Единствениот број за итни повици 112 се примени над 9.000 повици од граѓани, при што најголемиот дел се однесуваат на последиците од невремето. Најмногу се пријавуваат паднати дрвја, оштетени возила и кровни конструкции, скинати електрични кабли, паднати бандери и други оштетувања. Пријавите се однесуваат на целата територија на Град Скопје, вклучувајќи ги сите општини. Во Полошкиот регион на територијата на Тетово нема регистрирани потешки случаи кои барале итни интервенции. Евидентирани се помали материјални штети, а надлежните служби се на терен и ја следат состојбата. Состојбата е стабилна и под контрола. Во Вардарскиот регион (Велес, Свети Николе, Лозово, Кавадарци и Неготино) се регистрирани последици од невремето, меѓу кои: паднати дрвја и гранки; оштетени кровни конструкции и настрешници; прекинати електрични кабли. На терен се ангажирани противпожарните единици, јавните комунални претпријатија, полицијата и екипи на ЕВН. Во делови од Свети Николе, Лозово…


