klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Над 20 пожари на отворено, Китка сè уште гори

Над 20 пожари на отворено, Китка сè уште гори
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·26. 08. 2026. 17:46:43

Повеќе од 20 пожари на отворен простор се регистрирани во текот на денешниот ден, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Најголеми напори во моментов се вложуваат во гаснењето на пожарот на планината Китка, каде огнот е распространет на голема територија и има неколку активни краци. Во акцијата се вклучени и „ер тракторите“, кои дејствуваат од воздух врз критичните делови од пожарот. -Даваме сè од себе за да го совладаме овој огромен пожар кој е проширен на голема територија и сум оптимист дека во текот на денешниот или утрешниот ден ќе биде ставен под делумна контрола- изјави Ангелов. Според него, интензитетот на пожарите не се намалува, а бројот на интервенции на отворен простор е голем. Ангелов апелираше на одговорност и предупреди дека дел од пожарите се предизвикани од неодговорно однесување, но има и случаи на намерно предизвикување пожари. -Имаме многу неодговорни луѓе кои ненамерно предизвикуваат пожари. За уште поголема жал имаме злонамерни луѓе кои поради користољубие или осветнички мотиви намерно предизвикуваат пожари, свесни дека притоа може да убијат некого- додаде Ангелов. Надлежните продолжуваат со активностите за локализирање и ставање под контрола на пожарите. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, денеска на терен во селото Тисовица, на планината…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti