Началникот на Вооружените сили на Сојузна Република Германија во официјална посета на Армијата

Делегација на Вооружените сили на Сојузна Република Германија, предводена од началникот на Вооружените сили, генерал Карстен Бројер, по приемот со високи воени почести, во Генералштабот оствари средба со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. За време на средбата со генералот Лафчиски беше реафирмирана долгогодишната соработка меѓу двете армии, која се реализира преку заеднички обуки, вежби, развој на способности и други форми на билатерална воена соработка. Во текот на официјалните разговори се дискутираше и за актуелната регионална и глобална безбедносна состојба, безбедносните предизвици во зоната на операции на Алијансата, регионалните планови на НАТО за Југоисточна Европа, учеството во меѓународни мисии и операции, како и за процесот на модернизација и опремување на Армијата. Пред делегацијата беа презентирани и капацитетите на армискиот полигон „Криволак“, кој е еден од најзначајните полигони за обука во Југоисточна Европа. За време на официјалната посета, генералот Бројер оствари средба и со министерот за одбрана Владо Мисајловски, на која беше потврдена одличната билатерална одбранбена соработка, изградена врз доверба, заеднички вредности и силна посветеност на колективната одбрана. Соговорниците истакнаа дека двете земји активно работат на натамошно зајакнување на соработката, која ќе придонесе за унапредување на одбранбените капацитети на македонската Армија. Во изјавите за медиумите, генералот Лафчиски…
Povezane vijesti

Erjavec: Kroz prosječan shopping centar u Zagrebu dnevno prođe između deset i 15.000 ljudi

30-дневен привор за СОПРУЖНИЦИТЕ-УБИЈЦИ НА ДОКТОР ТРПОВСКИ: Кои се мотивите за злосторот со умисла?
