klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Началникот на германскиот Генералштаб на средби со Лафчиски и Мисајловски

Началникот на германскиот Генералштаб на средби со Лафчиски и Мисајловски
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·16. 07. 2026. 06:24:52

- Висока делегација на Вооружените сили (ВС) на СР Германија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Карстен Бројер, престојува во дводневна официјална посета на Армијата и на државата. Генерал Бројер претпладне ќе биде пречекан со високи воени почести во Генералштабот на Армијата, по што ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и со министерот за одбрана Владо Мисајловски. По официјалните разговори помеѓу двете делегации предвиена е заедничка изјава за медиуми од генералите Лафчиски и Бројер. - Во рамките на посетата, генералот Бројер ќе оствари средби и со претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Владата Христијан Мицкоски - најави Генералштабот на македонската Армија.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti