klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Началникот на германската армија во посета на АРМ

Началникот на германската армија во посета на АРМ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·15. 07. 2026. 09:06:36

Висока делегација на Вооружените сили на Германија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Карстен Бројер, од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на македонската Армија. Генерал Бројер утре изутрина, по пречекот со високи воени почести во Генералштабот на Армијата, ќе има средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, по што ќе се сретне и со министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во рамките на посетата, генералот Бројер ќе има средби и со претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова и со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, соопшти ГШ на АРМ.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti