klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

На Тумбе кафе во Битола пронајдени и безбедно подигнати над 1.400 бомби и гранати од Првата светска војна

На Тумбе кафе во Битола пронајдени и безбедно подигнати над 1.400 бомби и гранати од Првата светска војна
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·10. 07. 2026. 11:23:08

СВР Битола информира дека од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола било пријавено е дека на место викано Тумбе кафе, во поранешната касарна во Битола биле пронајдени и безбедно подигнати над 1.400 парчиња бомби и гранати од Првата светска војна. Станува збор за 540 парчиња минофрлачки гранати, 371 рачни бомби и 532 тромблонски гранати, сите од Првата светска војна. Од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола, за МИА потврдија дека акцијата за истражување, откривање и отстранување на неесклподирани материјали од Првата светска војна ќе биде прекината заради високите дневни температури и ќе продолжи во месец септември до кога се очекува вработување на уште еден пиротехничар кој ќе се придружи на единствениот пиротехничар во овој регион. Местото на Тумбе кафе, каде што беа пронајдени и безбедно подигнати откриените бомби и гранати е обезбедено и забрането за движење.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti