klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

На ТОАРИЛУЦ примени поголем број пациенти повредени во сообраќајки, регистрирани се и случаи на колапс предизвикан од високите температури

На ТОАРИЛУЦ примени поголем број пациенти повредени во сообраќајки, регистрирани се и случаи на колапс предизвикан од високите температури
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·09. 08. 2026. 16:13:36

Во изминатиот период на Клиниката за ТОАРИЛУЦ се примени поголем број пациенти повредени во сообраќајни незгоди, меѓу кои и околу петмина мотоциклисти со тешки повреди, а регистрирани се и случаи на колапс предизвикан од високите температури, информираше директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски. - Имаме пациент со повреда на вратот кој успеавме да го спасиме и очекуваме неговата состојба да биде добра. Имавме и пациент кој учествувал во сообраќајна незгода откако поради високите температури колабирал, изгубил свест и удрил во друго возило. И тој пациент беше опериран - појасни Мерџановски. Тој апелираше граѓаните да бидат внимателни во услови на високи температури, да избегнуваат патувања во најтоплиот дел од денот и да внесуваат доволно течности. Одговарајќи на новинарско прашање дали топлотниот бран влијае на бројот на пациенти со повреди, Мерџановски истакна дека ова лето се бележат повеќе случаи на колапси поврзани со жештините. - Имаме градежни работници кои паднале, имаме пациенти кои колабирале додека управувале возило, а има и повозрасни лица кои поради топлината паѓаат и се здобиваат со различни скршеници - информираше директорот на ТОАРИЛУЦ. Според Мерџановски, најчесто станува збор за фрактури кај повозрасни пациенти, кои потоа бараат оперативно лекување. Тој препорача граѓаните да избегнуваат престој на отворено во периодот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti