klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ во првиот уписен рок пријавени 1.150 кандидати за студирање во прва година

На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ во првиот уписен рок пријавени 1.150 кандидати за студирање во прва година
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·24. 08. 2026. 17:40:14

Заврши пријавување на кандидатите за упис во прва година во академската 2026-2027 година на 12 факултети и три академии на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип. Според првичните податоци, во првата уписна фаза, на студиските програми на македонски јазик, пријави поднеле околу 1.150 кандидати, што претставува над 70 проценти од предвидената државна квота на универзитетот. Проректорот за настава на УГД-Штип, Сашо Коцески информира дека најголем интерес и оваа година е на Факултет за медицински науки, но има и зголемен интерес и за останатите факултети и академии. - Радува фактот што оваа година конкуренцијата е голема и имаме голем број на талентирани ученици и првенци на генерацијата, освојувачи на дипломи, награди и признанија. УГД на своите идни студенти ќе им овозможи одлични можности за студирање и научно усовршување како и можности за мобилност и вмрежување преку Европската Универзитетска Алијанса ACE2EU и преку Еразмус+ програмата. - Најголем интерес за медицинските науки, зголемен интерес на сите факултети. Како и изминатите години, традиционално најголем е интересот на Факултетот за медицински науки, каде што уште во првиот уписен рок целосно се пополнети предвидените места за студиските програми по Општа медицина и Дентална медицина, а остануваат уште сосема мал број слободни места за Фармација - вели…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti