„На СДСМ и Филипче им смета независноста и сега се против македонското знаме кое два пати го менуваа“

На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци. Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Партијата чии лидери ја бришат историјата за станови во Дубаи, фирми во Бугарија, јахти во Грција, нема кредибилитет да говори за понижување. Партијата која го избриша АСНОМ од Уставот, која вели дека Македонија постои од 1944 година, која вели дека сме биле Бугари пред тоа, е лицемерно да зборува за понижување. Настанот „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност, е поздравен од сите граѓани и ја обедини државата, а само Филипче и тие неколкумина околу него пробуваат да го оцрнат проектот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Нам тоа ни е јасно, затоа што тие се политички глодари и лешинари кои не сакаат Македонија да оди напред. Години и години ќе ни требаат да ја поправиме штетата што вие, талогот на општеството, со децении и ја правите на Македонија“, посочуваат од владејачката партија.
Povezane vijesti

Evropa sprema dvije ponude Putinu, jedna bi mogla promijeniti sudbinu Ukrajine

Rusi dronovima pogodili autoput kod Kijeva tokom saobraćajne špice, ima mrtvih
