klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

На Мундијалот највозбудливо е по 80. минута – дури 45 гола паднале во финишот

На Мундијалот највозбудливо е по 80. минута – дури 45 гола паднале во финишот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·28. 06. 2026. 13:13:52

По завршувањето на групната фаза на Светското првенство се издвои еден интересен статистички податок, поврзан со времето во кое се постигнуваат головите. На дури 36 од вкупно 72 натпревари одиграни во првата фаза на турнирот, бил постигнат барем еден гол по 80. минута. Вкупно, во досегашниот тек од Мундијалот, од 80. минута па натаму биле постигнати 45 погодоци. Во првото коло, на 24 натпревари, во завршницата биле постигнати 17 голови, додека во второто и третото коло бројката била нешто помала, но и натаму висока. Овој просек значително го зголемија неколку особено драматични натпревари. На дуелот меѓу Франција и Сенегал, кој заврши со победа на Французите од 3:1, дури три гола беа постигнати по 80. минута. Уште повозбудливо беше на натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Швајцарија, каде што дури четири гола паднаа во последните десет минути. Швајцарија на крајот славеше со 4:1. Драма имаше и во последната вечер од групната фаза, на натпреварот меѓу Алжир и Австрија, кој заврши 3:3, со два погодоци постигнати во судиското продолжение. Оваа статистика покажува дека на Светското првенство 2026 натпреварите ретко се решаваат рано и дека вистинската возбуда најчесто доаѓа токму во последните минути. [kurir_wc_top_scorers limit="50"]

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti