klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

На Македонија ѝ е нанесена неправда – Брисел веќе не смее да дозволи соседски комплекси да го киднапираат проширувањето

На Македонија ѝ е нанесена неправда – Брисел веќе не смее да дозволи соседски комплекси да го киднапираат проширувањето
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·07. 07. 2026. 08:52:04

-Македонското општество низ изминатите години носеше тешки, политички предизвикувачки одлуки и на тој пат на Македонија ѝ е нанесена неправда. Сега на сите им станува сè појасно дека проширувањето за ЕУ повеќе не може да биде само техничко прашање, туку стратешки интерес, особено во контекст на променетите геополитички околности, истакнува европратеникот Карло Реслер во интервју за МИА. Реслер, кој важи за еден од највлијателните млади хрватски политичари во Европскиот парламент (од редовите на ХДЗ/ЕПП) и кој ја предводи хрватската Делегација на Европската народна партија, кон крајот на септември ќе ја предводи посетата на Делегацијата на Европскиот парламент во Скопје. Како правник по вокација и известувач за европскиот буџет, но и човек кој директно учествуваше во креирањето на европската регулатива за дигитална трансформација и вештачка интелигенција, Реслер во интервјуто отворено говори за балансот меѓу европските бирократски процеси и реалниот живот на Балканот. Во пресрет на претстојниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ- Македонија, со кој ќе копретседава заедно со македонската пратеничка Иванка Василевска, Реслер, повлекувајќи паралела со хрватскиот пат, испраќа директна порака во однос на бугарското вето и обидите за идентитетско условување: „Хрватска многу добро разбира колку билатералните прашања можат да го оптоварат европскиот пат. Само со меѓусебно почитување можеме да…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti