klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

На Куба почна обнова во снабдувањето со струја по колапсот на електроенергетската мрежа

На Куба почна обнова во снабдувањето со струја по колапсот на електроенергетската мрежа
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·07. 07. 2026. 06:25:25

На Куба почна постепена обнова во снабдувањето со електрична енергија по колапсот на националната електроенергетска мрежа, што предизвика нов прекин на струјата во земјата соочена со хроничен недостиг на електрична енергија, гориво и лекови. Кубанскиот оператор на електроенергетската мрежа УНЕ синоќа соопшти дека приоритетно е обновено напојувањето за болниците и центрите за производство на храна, но дека до доцна попладне било можно да се задоволи само околу еден отсто од потребите за електрична енергија на главниот град Хавана. Причината за колапсот на мрежата засега не е соопштена. Куба со месеци се соочува со повеќечасовни, а во последно време и повеќедневни прекини на струјата, што властите го поврзуваат со застарената електроенергетска инфраструктура и недостигот на гориво. Речиси две третини од земјата веќе беа без електрична енергија кога вчера дојде до целосен колапс на мрежата. Ова е осми колапс на кубанската електроенергетска мрежа од октомври 2025 година и трет од почетокот на оваа година. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претходно годинава ги прекина испораките на гориво од Венецуела за Куба и изврши притисок врз Мексико да ги прекине испораките, со закана за воведување царини за државите кои ќе продолжат да ѝ испорачуваат нафта на оваа островска земја. Вашингтон тврди дека санкциите…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti