klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

На Инфективната клиника уште еден сомнителен случај на западнонилска треска

На Инфективната клиника уште еден сомнителен случај на западнонилска треска
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·04. 08. 2026. 12:11:51

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести. Со тоа вкупно седум пациенти се водат како клинички суспектни, а кај 10 е потврдено присуството на западнонилска треска од кои тројца се во критична состојба на Одделот за интензивна нега и се на механичка вентилација. Засега нема подобрување на нивната здравствена состојба. Сите пациенти се од Скопје. Ова денеска го изјави директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, кој рече дека за да се докаже невроинвазивната форма на болеста и за седмиот сомнителен случај потребни се дополнителни испитувања на цереброспиналната течност. Според него, ПЦР-технологијата не е златен стандард за дијагностицирање на невроинвазивната форма на западнонилската треска и затоа тие пациенти се подложени на дополнителни лабораториски испитувања и се лекуваат како пациенти со западнонилска треска. - Инкубацијата на болеста трае до 14 дена. Никој не може однапред да предвиди како ќе се развива болеста во поединечен организам. Тоа што се знае досега е дека најподложни на потешка форма се повозрасните лица. Сите пациенти што се хоспитализирани кај нас…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti