klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

На граничните премини Табановце, Пелинце и Богородица зголемена фреквенција на возила, се чека и по повеќе од еден час

На граничните премини Табановце, Пелинце и Богородица зголемена фреквенција на возила, се чека и по повеќе од еден час
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·09. 08. 2026. 11:40:32

Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини со Србија - Табановце и Пелинце за влез во земјата се чека повеќе од еден час, а за излез половина час. На преминот Богородица на границата со Грција за влез и за излез од земјата се чека по повеќе од еден час, објави АМСМ на нивната веб страна. На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti