klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

На ГП „Богородица“ за излез од Македонија се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“

На ГП „Богородица“ за излез од Македонија се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·25. 07. 2026. 07:58:24

На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 2 часа, а за влез на ГП „Табановце“ околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата - информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti