klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Охрид е прогласена автокефалност на МПЦ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Охрид е прогласена автокефалност на МПЦ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·18. 07. 2026. 08:35:10

На 18 јули 1967 година во Охрид, на Третиот црковно-народен собор, Светиот синод на Македонската православна црква (МПЦ), донесол одлука за прогласување автокефалност на МПЦ како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопштил новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј чие световно име е Димитрија Стојковски. По него за архиепископи на МПЦ се избрани г. Ангелариј (Цветко Крстевски), потоа г. Гаврил (Ѓорѓи Милошевски), г. Михаил (Методи Гогов) и г. Стефан (Стојан Велјановски). На прогласувањето на автокефалност на МПЦ му претходеле активности уште во текот на НОБ. Пред самиот крај на војната, во 1944 г. во селото Врановци бил создаден Иницијативен одбор за организирање на МПЦ. На 3 јануари 1945 година, Иницијативниот одбор за обновување на Охридската архиепископија испратил писмо до Светиот архијерејски синод на СПЦ со образложение на иницијативата. Писмото пристигнало до СПЦ на 22 јануари 1945, а на него одговорил протераниот скопски митрополит Јосиф: „Штом бидам слободен, ќе се погрижам да се видам со вас, во Белград или Скопје“. На 4 март 1945 година, во Скопје бил одржан Првиот црковно-народен собор, на кој била донесена резолуција за обновување на Охридската архиепископија, како Македонска православна црква. На 9 март 1945 година Иницјативниот одбор испратил телеграма до СПЦ со известување…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti