klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

На денешен ден: 101 година од раѓањето на Невена Георгиева Дуња – најмладата партизанка која загина за Македонија

На денешен ден: 101 година  од раѓањето на Невена Георгиева Дуња – најмладата партизанка која загина за Македонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·25. 07. 2026. 07:21:59

На денешен ден, во 1925-та година, во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња, млада македонска партизанка во НОВ. Невена Николова Георгиева-Дуња (25 јули 1925 во Скопје — 16 декември 1942 во Нежилово) - македонска комунистка, припадничка на младинското, синдикалното и работничкото движење меѓу двете светски војни, учесник во НОВ од 1941 година. Со своите 16 години била најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред и прва жена партизан во партизанските одреди на Македонија. Георгиева станува борец на Скопскиот партизански одред при неговото создавање на 22 август 1941 година. По расформирањето на Одредот во ноември 1941, таа заминала во Велес, а потоа во Струмица. Помагала во подготовките за излегувањето на Струмичкиот партизански одред од летото во 1942 година. Во меѓувреме, во мај 1942, во отсуство, била осудена на 7 години строг затвор. Во септември 1942 година станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Зимата 1942 година одредот бил нападнат кај селото Папрадишта. Се развила жестока нерамноправна битка во која непријателот бил далеку поброен. Неколку партизани на чело со Дуња ја бранеле нивната позиција. Нејзината смела борба ги бодрела и нејзините соборци да издржат до крај. Меѓутоа, по неколкучасовна огорчена борба, херојски загинала од фашистички рафал. Така на седумнаесетгодишна возраст згасна…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti