klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

На четирицикл се возеле тројца: тешко повредени возачот и малолетник

На четирицикл се возеле тројца: тешко повредени возачот и малолетник
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·03. 08. 2026. 16:35:43

Вчера во 18:30 часот во ОВР Ресен од страна на доктор од Здравствен дом Ресен било пријавено дека на место викано „Планинче“, атар на с.Јанковец, ресенско четирицикл марка „линхаи“ со ресенски регистарски ознаки управуван од Н.Т.(46) од с. Јанковец и сопатници Д.К.(28) од с. Јанковец и 9-годишен малолетник од с. Базерник, Демир Хисар изгубил контрола и се превртел. Од страна на доктор кај возачот и малолетникот биле констатирани тешки телесни повреди, а кај сопатникот Д.К. биле констатирани телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Ресен, соопштуваат од МВР.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti