klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

На „БитФест“ фестивал на чалгијата „Битолски чалгиски денови“

На „БитФест“ фестивал на чалгијата „Битолски чалгиски денови“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·07. 08. 2026. 10:09:40

Културно-информативниот центар (КИЦ) Битола во рамки на Битолското културно лето „БитФест“ од 14 до 16 август ќе одржат „Битолски Чалгиски Денови“, првиот фестивал во градот посветен на оваа специфична музичка форма. Од КИЦ Битола информираат дека со уште еден посебен настан, посветен на чалгијата, потврдуваат дека визуелниот идентитет на фестивалот соодветствува со културата, историјата и музичкото богатство на градот. -Долгогодишната чалгиска традиција, која во Битола зазема истакнато место уште од крајот на минатиот век, оваа година добива своја посветена манифестација. Оригиналните песни, инструменти и препознатливиот звук, кои за Битола и битолските боеми значеле многу и денес оставаат силен печат во секојдневието на градот. Оваа година чалгијата на посебен начин ќе ја заживее Битола, а посебно Старата битолска чаршија. Чалгиската музика во Битола потекнува од богатата градска музичка традиција, којашто со векови комуницирала со големите светски музички центри, посочија од КИЦ Битола. Според организаторот, за Битола и битолските боеми, оваа музика со нејзините оригинални песни и инструменти значела премногу, што е потврдено и од бројните преданија и легендарни музички имиња кои оставиле неизбришлив траг во културното наследство на градот. -Првото издание на фестивалот „Битолски Чалгиски Денови“ го претставува идејниот концепт кој означува патување низ времето, инспирирано токму од боемскиот живот и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti