klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

МЗТ Скопје, ТФТ и Маџари ги добија противниците во АБА2 лигата

МЗТ Скопје, ТФТ и Маџари ги добија противниците во АБА2 лигата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·21. 07. 2026. 05:46:25

Пристојната натпреварувачка сезона 2026-2027, во второлигашката АБА конкуренција, Македонија ќе има три свои претставници. Покрај шампионот МЗТ Скопје Аеродром, учеството е потврдено и на вицепрвакот Маџари како и тимот на ТФТ кој лани играше финале во АБА2. Тимовите ќе бидат поделени во четири групи во кои ќе бидат поделени 17 екипи. Тие ќе одиграат по двокружен систем (дома-гости), со тимовите од својата група. Првопласираните екипи од четирите групи директно ќе се пласираат во плејофот (четвртфинале), додека второ и третопласираните ќе играат таканаречен плејин. Составот од Тафталиџе е во Б групата во која има вкупно петте екипи. Противници на ТФТ ќе бидат: Слобода, Шенчур, Херцеговац и Подгорица. Шампионот МЗТ Скопје ќе игра во групата Ц, против екипите на: Сутјеска, Слобода Ужице и Триглав Крањ. Дебитантот во ова натпреварување тимот на Маџари, е сместен во А конкуренцијата, а противници ќе му бидат: Војводина, Борац Чачак и Морнар.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti