klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

МВР со засилени контроли во 66 угостителски објекти и казина: Апсења, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа

МВР со засилени контроли во 66 угостителски објекти и казина: Апсења, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·19. 10. 2026. 07:55:23

Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со секторите за внатрешни работи и во координација со надлежните инспекциски служби, на 17/18 октомври спроведе контроли во 66 угостителски објекти и казина, при што се утврдени низа неправилности. Полициските службеници легитимирале 38 лица, извршиле преглед на 61 лице и едно патничко моторно возило, а го утврдиле идентитетот на 31 лице. -При контролите, во еден објект е затекнато лице кое вршело дејност обезбедување без лиценца и легитимација, а во друг е нарушен јавниот ред и мир. Изречени се три глоби за прекршување на Законот за заштита од пушење. Едно лице е приведено поради одбивање да се легитимира, а три странски државјани поради нерегулиран престој во државата. Во еден објект се затекнати четири малолетни лица по 24:00 часот, а во два објекти е констатирано точење алкохол на малолетници, информира МВР. На патот во близина на селото Мажучиште, прилепско, е сопрено лице кое управувало моторно возило под дејство на алкохол, при што се измерени 2,04 промили алкохол во крвта. Лицето е лишено од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „Безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Во рамки на активностите, ОВР Кичево извршил претрес на локација каде што незаконски се приредувале…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti