klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

МВР со сериозен апел и предупредување до операторите на дронови

МВР со сериозен апел и предупредување до операторите на дронови
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·21. 08. 2026. 08:52:07

Министерството за внатрешни работи ги известува сите граѓани на Република Македонија, а особено сопствениците и операторите на беспилотни воздухоплови – дронови, дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи на целата територија на државата, потребно е доследно почитување на правилата за безбедно користење на воздушниот простор. -Поради природата и итноста на задачите, местото, времето и маршрутата на движење на полициските хеликоптери не секогаш можат однапред да бидат предвидени, особено при интервенции поврзани со пожари и други итни настани, велат од МВР. Од тие причини, МВР упатува сериозен апел и предупредување. -Лицата кои не ги исполнуваат законските услови за управување со беспилотни воздухоплови – дронови и немаат соодветни одобренија, регистрации или сертификати кога тие се задолжителни, да не вршат операции со дронови спротивно на важечките прописи. Операторите кои ги исполнуваат пропишаните услови се должни операциите да ги вршат исклучиво во согласност со важечките воздухопловни прописи, ограничувањата на воздушниот простор и условите утврдени од надлежните воздухопловни органи, вклучително и потребните најави и координација со надлежните служби за контрола на летањето, кога тоа е пропишано. Доколку оператор на дрон забележи…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti