МВР: Приведени 11 возачи за безобѕирно управување со возило, од нив осум возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“, од кои осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, информираат од Министерството за внатрешни работи. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, при што еден од нив предизвикал сообраќајна незгода, додека еден возач управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување со возило. Со одговорно однесување сите заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот.
Povezane vijesti

Uhapšeno dvoje iz Crne Trave jer su brali i prodavali zaštićenu vrstu borovnice

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење
