Svijet Sjeverna Makedonija
МВР потврдува: Александар Лазаров – Цуна уапсен во Скопје

Kurir.mk·Ивона Петрова·15. 07. 2026. 06:38:53
Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров - Цуна вчеравечер е лишен од слобода во Скопје, потврдуваат од МВР за Курир. Лазаров ред неколку дена им избега на полицајците од полициската станица во Кочани преку прозорец, а во понеделникот МВР по него распиша меѓународна потерница. Лазаров, кој на полицијата и' е познат од порано, бил во полициската станица вечерта во саботата откако го привеле заедно со двајца придружници, поради тоа што, неофицијално полицијата во автомобилот им нашла бела прашкаста материја.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


