Мурму: Отворено ново поглавје во билатералните односи меѓу Македонија и Индија

Претседателката на Индија, Друпади Мурму, е сигурна дека нејзината посета на земјава ќе отвори ново поглавје во билатералните односи и ќе ги зацврсти партнерствата меѓу Македонија и Индија, како и оти ќе ги подигне на едно повисоко ниво. Вели дека со посетата биле потврдени пријателските односи, заеднички вредности и взаемната почит меѓу Македонија и Индија. - Имавме многу продуктивен состанок со вашата претседателка и разговори на ниво на делегација. Дискутиравме за повеќе билатерални соработки и разменивме ставови за регионалните и глобалните прашања коишто ни се од заеднички интерес. Ги повторивме и ги потврдивме пријателските односи меѓу Македонија и Индија, заеднички вредности и заедничка взаемна почит. Соработката е многу важен столб за нашите билатерална односи - рече Мурму на заедничката прес-конференција со македонската претседателка Гордана Сиљановска - Давкова. Таа истакна дека сакаат да промовираат подобра трговија и инвестиции и да охрабрат подобра соработка помеѓу бизнисите од двете земји. - Исто така, се согласивме да ја прошириме билатералната трговија на двојно од сегашниот обем. Разговаравме за соработка во клучни сектори, вклучително (IT), земјоделство, обработка на храна, фармација, туризам, угостителство и аудиовизуелни уметности. Денeшниот бизнис форум ќе биде одлична платформа за дискусија на овие прашања. Имаме Меморандум за соработка во здравството, се договоривме…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Nakon Wimbledona Mate Pavić stigao u Split, Šuta otkrio velike planove
