klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Мурињо и Белингам – партнерство што може да го одбележи Реал Мадрид

Мурињо и Белингам – партнерство што може да го одбележи Реал Мадрид
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·03. 08. 2026. 10:56:06

Враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, 13 години по неговиот прв мандат, е една од најинтригантните приказни пред почетокот на новата сезона. Но, покрај резултатите, најголемо внимание ќе привлекува односот меѓу искусниот португалски стратег и англиската ѕвезда Џуд Белингам. Белингам, кој има 23 години, се наоѓа во клучен период од својата кариера. По одличниот настап на Светското првенство, од него се очекува да стане лидер на Реал Мадрид, но зад себе има две турбулентни сезони исполнети со повреди и нестабилност во клубот. Токму затоа многумина веруваат дека Мурињо може да биде човекот кој повторно ќе му даде јасна улога и насока. Според анализата, Мурињо веќе разговарал со Белингам меѓу првите играчи по преземањето на тимот, а англискиот репрезентативец позитивно ја прифатил одлуката на Реал да му ја довери клупата на португалскиот тренер. Нова улога за Белингам Се очекува Мурињо да го користи системот 4-2-3-1, во кој Белингам би играл како класична „десетка“, зад напаѓачот. Тоа би значело враќање на неговата омилена позиција, по неколкуте различни улоги што ги имаше во последните две сезони. Англичанецот и самиот призна дека честото менување на позицијата понекогаш било и негов недостаток. „Можам да играм на повеќе позиции и тоа понекогаш е проблем за…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti