klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Муцунски за „Политико“: Заслужуваме праведен, предвидлив и кредибилен пат кон членство во ЕУ

Муцунски за „Политико“: Заслужуваме праведен, предвидлив и кредибилен пат кон членство во ЕУ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·06. 08. 2026. 10:06:15

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „Брисел Плејбук“ на „Политико“, еден од највлијателните дневни утрински билтени за европската политика, порача дека државата заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија. Во текстот на „Политико“ се посочува дека земјата е кандидат за членство од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната политика на Унијата, но дека, две децении подоцна, сè уште чека пристапните преговори суштински да започнат. „Да, понекогаш сме многу фрустрирани поради недостигот од политички резултати“, истакна Муцунски, додавајќи дека земјата станала „студија на случај“ за тоа како билатералните спорови можат да го попречат процесот на проширување на Европската Унија. Осврнувајќи се на напредокот на другите земји кандидати, „Политико“ наведува дека Црна Гора забрзано се движи кон членство, Албанија ги затворила првите три преговарачки поглавја, а Украина и Молдавија напредуваат во преговорите. Наспроти тоа, земјата нема затворено ниту едно поглавје во повеќе од 20 години. „Да се каже дека кон нас се постапувало неправедно е преблага формулација“, нагласи Муцунски. Во текстот се потсетува дека земјата го промени знамето во 1995 година, а името во 2019 година, по што нејзиниот европски пат беше блокиран поради барањето на Бугарија за внесување…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti