Муцунски за МИА: Од ЕУ слушаме и поинакви пораки дека треба да се гарантира предвидливоста на нашиот европски пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за МИА нагласува дека се работи на трајно и одржливо решение за одблокирање на нашиот европски пат, но вели дека не смее да споделува детали од разговорите со цел да не ги осуди на неуспех. Тој уверува дека граѓаните треба да бидат спокојни дека Владата јасно знае како го има добиено својот легитимитет, јасно го следи ставот на граѓаните во однос на ова прашање и има јасно исцртани црвени линии и позиции и прашања за кои што не е подготвена да преговара. -Работиме на решение, но ќе повторам, не решение по секоја цена и не решение коешто само по себе нема да биде одржливо и коешто ќе создава ризици повторно да бидеме во оваа ситуација во која што се наоѓаме сега - рече Муцунски во интервјуто за МИА. Во однос на критиките на опозицијата дека стагнираме на европскиот пат, тој вели дека „опозицијата мора да почне да живее во рамките на реалноста, а реалноста е дека нејзината попустливост и немањето капацитет далекусежно да се гледаат последиците од тоа што се случуваше во 2021 и 2022 година не доведе до оваа позиција до којашто сме сега“. -Имаат легитимно право, па…
Povezane vijesti

Kipar najavio sastanak Evropske unije i Turske u oktobru: Bez pregovora nema napretka s Ankarom
