Муцунски за деблокадата на македонскиот евроинтеграциски процес: Протоколите не се дел од преговарачката рамка

Владата во последните две години не престана да работи на изнаоѓање праведно и оджливо решение за деблокада на евроинтеграцискиот процес. Во постојанa комуникација е и со земјите-членки на Европската Унија, и со институциите на ЕУ, а одржува средби и со Бугарија. Има позитивен импулс за изнаоѓање решение, но нема решение што можеме да го претставиме пред јавноста. Разговорите е природно да се случуваат и ќе продолжат, но ние немаме намера да правиме отстапки што се поврзани со националниот интерес, историјата и идентитетот, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Тој е дециден дека протоколите (називот на записниците од разговорите) не се дел од преговарачката рамка, а во разговорите со сите три страни (земјите-членки на ЕУ, институциите на ЕУ и Бугарија), од македонската страна, потенцира, се пренесени ставовите за прашањата поврзани со ризиците од билатерализација. - Едно е да ги почитувате преземените обврски, а друго е да користите билатерални аспекти за кочење врз основа на субјективни гледишта - пат на една земја кон полноправно членство. Тоа се две различни работи. Има билатерални обврски кои не се само од политичка природа, туку се и од економска и социјална природа и кои имаме обврска да ги почитуваме според правилата…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

ТРАМП БАРА ПРЕКИН НА ОГНОТ, ИРАН ОДБИВА - „Ако нападите продолжат - Израел е следна цел!“
