Муцунски: Во современата економија, дипломатските односи мора сè повеќе да се претвораат во економски можности

Улогата на државата не е да го замени приватниот сектор, туку да создаде услови во кои претприемништвото, знаењето и капиталот ќе можат да создаваат нова вредност и во таа насока Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно ја развива економската дипломатија како практична алатка за поддршка на македонските компании - порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во воведното обраќање денеска на настанот „Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, во организација на канцеларијата на ОН, а во соработка со Стопанската комора и МНР и НТ. - Нашата дипломатска мрежа мора да биде насочена кон конкретни резултати: отворање нови пазари, привлекување инвестиции, промоција на извозот, поврзување на компаниите и навремено информирање за промените на глобалните пазари - истакна Муцунски. Тој порача и дека во современата економија, дипломатските односи мора сè повеќе да се претвораат во економски можности. - Суштинската порака е едноставна - новите стандарди не треба да ги гледаме само како товар. Треба да ги гледаме како можност за модернизација, воведување нови технологии, повисока продуктивност и освојување нови пазари - рече Муцунски. Потенцирајќи дека живееме во време на забрзани геополитички, економски и технолошки промени, Муцунски рече дека нарушените синџири на снабдување…


