klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за соработка во образованието, науката, културата, младите и спортот, како и економските консултации

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за соработка во образованието, науката, културата, младите и спортот, како и економските консултации
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·24. 08. 2026. 20:04:20

Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со министерот за надворешни работи, Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување. -Посетата е можност силните политички односи да ги преточиме во поконкретна соработка, особено во економијата, одбраната и одбранбената индустрија, сајбер-безбедноста, здравството, земјоделството и туризмот. Потпишавме и два значајни билатерални документи во областите на образованието, науката, културата, младите и спортот, како и економските консултации, напиша Муцунски на Фејсбук. Особено ја цениме, посочува тој, солидарноста и поддршката што Израел и израелскиот народ ги покажаа по трагедијата во Кочани. - Продолжуваме да го надградуваме партнерството преку конкретни проекти, посилни економски врски и нови можности за соработка, наведува Муцунски.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti