klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Муцунски: Охрид нема да биде ставен на листата на културни наследства во опасност, ова е значаен дипломатски успех на државата

Муцунски: Охрид нема да биде ставен на листата на културни наследства во опасност, ова е значаен дипломатски успех на државата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·24. 07. 2026. 09:38:36

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната сесија, што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан, донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светски културни и историски наследства во опасност. Ова, како што истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, претставува значаен дипломатски успех за нашата земја, кој е производ на координирана државна акција предводена од претседателот на Владата​. Покажавме, вели Муцунски, дека дипломатијата не е само учество на меѓународни собири, туку способност преку партнерство да се создава доверба и да се заштитат најзначајните државни и национални интереси. ​Одлуката на УНЕСКО е потврда на нашата посветеност, но и поттик за уште поинтензивна работа во периодот што следува. - Во првичниот предлог на одлуката беше предвидено регионот веднаш да биде впишан на листата на светско наследство во опасност. ​Со усвојувањето на амандманот оваа формулација е отстранета. Охридскиот Регион во оваа фаза нема да биде ставен на листата на светско наследство во опасност и ќе го задржи статусот на светско природно и културно наследство на УНЕСКО - рече Муцински на прес-конференцијата во Владата. Ова, според него, претставува значаен дипломатски успех за нашата земја. - Овој резултат е производ на координирана државна акција предводена од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti