klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Муцунски: Одлуките од Самитот во Анкара ќе ја зајакнат НАТО Алијансата

Муцунски: Одлуките од Самитот во Анкара ќе ја зајакнат НАТО Алијансата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·09. 07. 2026. 07:20:42

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку објава на социјалните мрежи се осврна на резултатите од Самитот на НАТО во Анкара, оценувајќи дека донесените одлуки дополнително ќе ја зајакнат Алијансата и ќе придонесат за унапредување на колективната безбедност. -Пораката е јасна: НАТО испорачува резултати. Ја потврдивме заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната, понатамошно јакнење на одбранбените капацитети, поправедна распределба на одговорностите меѓу сојузниците и континуирана поддршка за Украина, напиша Муцунски. Тој информираше дека на маргините на Самитот остварил повеќе билатерални средби со колеги од земјите членки на НАТО, како и со високи претставници на земјите сојузници и партнери. Во разговорите, како што посочи, станало збор за билатералните односи, соработката во рамките на НАТО, како и за актуелните регионални и глобални безбедносни предизвици. -Како посветен и кредибилен сојузник, продолжуваме активно да придонесуваме кон зајакнувањето на колективната безбедност, стабилноста и единството, порача министерот Муцунски.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti