klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Муцунски на средба со Хадад, францускиот министер за Европа: Фокус врз полноправното членство во ЕУ

Муцунски на средба со Хадад, францускиот министер за Европа: Фокус врз полноправното членство во ЕУ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·22. 10. 2026. 07:55:44

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад На маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад. Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат. Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција. На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti