Муцунски на среба со претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Катар

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска за време на работната посета на Катар оствари средба со претседателот на Владата и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани. На средбата, како што објави Муцунски на Фејсбук, биле потврдени одличните билатерални односи и биле разгледани можностите на нивно продлабочување, особено во сферата на економијата. -Работната посета на Државата Катар ја започнав со значајна и исклучително продуктивна средба со претседателот на Владата и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани. Ги потврдивме одличните билатерални односи и ја реафирмиравме заедничката определба за нивно натамошно унапредување преку продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со посебен акцент на економската и инвестициската соработка - нагласи Муцунски. Тој информира дека на средбата размениле мислења и за актуелните регионални и меѓународни прашања, со фокус на состојбите на Блискиот Исток и пошироката меѓународна безбедносна средина, како и за натамошното унапредување на соработката во рамките на мултилатералните организации. -За време на разговорите ја потврдивме заемната подготвеност за понатамошно продлабочување на односите меѓу двете држави. Оваа посета, заедно со потпишувањето на повеќе билатерални документи, ќе внесе нова динамика во нашата…

