klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Муцунски на министерски состанок во Вашингтон: Современите закани бараат координиран одговор, силни институции и цврсти партнерства

Муцунски на министерски состанок во Вашингтон: Современите закани бараат координиран одговор, силни институции и цврсти партнерства
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·17. 07. 2026. 07:16:06

Политички мотивираниот тероризам не смее да остане слепа точка во нашата заедничка безбедносна архитектура. Современите закани бараат координиран одговор, силни институции, цврсти партнерства и целосно почитување на владеењето на правото, објави на Фејсбук шефот на допломатијата Тимчо Муцунски, кој на покана на државниот секретар на САД, Марко Рубио, во Вашингтон учествуваше и се обрати на министерскиот состанок посветен на заканите од подемот на политичкиот тероризам. - Заедно со високи претставници од повеќе од 60 држави, разговараме за зајакнување на меѓународната соработка и институционалната подготвеност за справување со новите безбедносни предизвици. Настанот е значајна можност за продлабочување на соработката со САД и другите меѓународни партнери, преку поефикасна размена на безбедносни и оперативни информации и координиран пристап, напиша Муцунски.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti