Муцунски: На индиските компании им нудиме конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар

Нашата земја им нуди на индиските компании конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар. За нас Индија не е само важен пазар, туку и стратешки економски партнер со кого имаме огромен потенцијал за продлабочување на соработката во трговијата, инвестициите, иновациите, образованието, дигиталната трансформација и културата - рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Македонско-индискиот бизнис форум што се одржува попладнево во Скопје, во присуство на претседателките Гордана Сиљановска-Давкова и Друпади Мурму. Според Муцунски, Индија денес е една од главните приказни за успех на нашето време, а нејзиниот забележителен раст, технолошко лидерство и претприемачки дух ги трансформираа не само регионот, туку и глобалната економија. Муцунски посочи дека во 2025 година, билатералната трговија со Индија достигна речиси 132 милиони американски долари, што е речиси двојно повеќе од нивото од претходната година. - Тоа е охрабрувачки, но е само почетокот. Нашата амбиција е поголема. Сакаме повеќе трговија, повеќе инвестиции, повеќе заеднички вложувања. Повеќе компании кои работат заедно за да создадат вредност во двете наши земји, рече министерот Муцунски. Тој посочи дека државава е посветена на зајакнување на владеењето на правото, подобрување на бизнис климата и на извозот и обезбедување инвеститорите да најдат не само можност, туку и влада…
Povezane vijesti

„Natura 2000“ nije veto na biznis, ali jeste na devastaciju prostora

Србинот кој за малку ќе испаднеше низ прозорецот на авион: Ова е кошмар, психички сум на дното!
