klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Муцунски – Ландау: Зајакнување на стратешкото партнерство и билатералната соработка

Муцунски – Ландау: Зајакнување на стратешкото партнерство и билатералната соработка
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·18. 07. 2026. 10:22:12

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска преку Фејсбук информираше за остварена средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау, во рамки на работната посета на Вашингтон. - Нашите две земји имаат блиски и усогласени позиции за широк спектар политички, економски и безбедносни прашања. Во отворен, пријателски и содржаен разговор ја потврдивме заедничката определба за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство и билатералната соработка, во интерес на граѓаните на двете земји - соопшти Муцунски. Фокусот бил ставен на соработката во конкретни области - одбраната и сојузништвото во НАТО, економијата, енергетиката и регионалната поврзаност. - Разменивме мислења и за состојбите во регионот, како и за значењето на континуираниот ангажман на САД за мирот, безбедноста и просперитетот на Западниот Балкан - се додава во објавата.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti