Муцунски и Саар потпишаа два билатерални документи за унапредување на соработката меѓу Македонија и Израел

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамки на посетата на Израел, оствари средба со својот израелски колега, министерот за надворешни работи Гидеон Саар, на која биле потврдени добрите билатерални односи и заедничката определба за нивно натамошно продлабочување. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, двајцата министри разговарале за можностите за унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со акцент на економијата, одбраната, сајбер-безбедноста, здравството, земјоделството и туризмот. Според Муцунски, посетата претставува можност добрите политички односи меѓу двете земји да се преточат во поконкретна и подинамична соработка. -Посетата е можност силните политички односи да ги преточиме во поконкретна соработка, особено во економијата, одбраната и одбранбената индустрија, сајбер-безбедноста, здравството, земјоделството и туризмот - истакнал Муцунски. Во рамки на посетата биле потпишани и два билатерални документи - Програма за соработка во областа на образованието, науката, културата, младите и спортот за периодот 2026-2029 година и Меморандум за разбирање за билатерални економски консултации меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. Од Министерството посочуваат дека со потпишувањето на документите дополнително се зајакнува институционалната рамка за соработка и се создаваат услови за продлабочување на партнерските односи во повеќе сфери. Муцунски воедно изразил благодарност за солидарноста и поддршката…
Povezane vijesti

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

“Ќе си поднесам оставка ако врз мене има политички притисок во случајот со Манчестер Сити“!
