klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Мотоциклист и сопатничка повредени во сообраќајка, возачот на автомобилот бил пијан

Мотоциклист и сопатничка повредени во сообраќајка, возачот на автомобилот бил пијан
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·21. 08. 2026. 12:23:59

На 20.08.2026 во 22:31 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на ул.„Филип втори“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ светиниколски регистарски ознаки управувано од Љ.Д.(68) од Свети Николе и мотоцикл „хонда“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од С.П.(30) од с.Преод, светиниколско. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди неговата сопатничка В.С.(22) од Свети Николе, констатирани во болницата во Штип, информира МВР. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе, при што е констатирано дека возачот на патничкото возило „пежо“ е под дејство на алкохол, односно дека има 1,19 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti