klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Момче од Македонија скршило вратен пршлен по пад од тобоган во Турција, со владиниот авион ќе биде вратен во земјава

Момче од Македонија скршило вратен пршлен по пад од тобоган во Турција, со владиниот авион ќе биде вратен во земјава
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·07. 08. 2026. 11:48:09

Момче од Македонија паднало од тобоган на летување во Бодрум и се здобило со скршеница на вратен пршлен. Утре ќе биде транспортирано од Турција во Македонија со владиниот авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи. Лицето било хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет ниту со возило. Денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите на момчето побарале помош од македонските институции за негово безбедно враќање во земјава.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti