МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго

Пренесувањето на телата на лицата починати од ебола меѓу различни делови на Демократска Република Конго, најчесто за да бидат погребани во родните места, претставува сериозен ризик за понатамошно ширење на заразата, предупреди денеска Меѓународната организација за миграција (МОМ). Според податоците на МОМ, до 14 јули во Демократска Република Конго и во Уганда се регистрирани повеќе од 2.000 случаи на ебола и околу 700 смртни случаи, при што речиси две третини од починатите не починале во клиники или во болници. Еболата, која често има смртоносен исход, се пренесува преку директен контакт со телесни течности на заразени луѓе или животни и предизвикува симптоми како висока температура, повраќање и внатрешни и надворешни крвавења. Сегашната епидемија е предизвикана од сојот Бундибуџо. Вирусот останува високо заразен и по смртта на заразеното лице, поради што безбедното постапување при погребите претставува еден од клучните елементи за контрола на епидемијата. – Ако телата не се третираат соодветно и ако не се вклучи локалната заедница, тоа значи дека ќе има поголемо ширење на заразата во заедницата – изјави Ендру Мбала од организацијата со седиште во Женева. Претставници на МОМ посочија дека транспортот на телата меѓу различни окрузи во Демократска Република Конго претставува особено голем предизвик, бидејќи семејствата сакаат своите…
Povezane vijesti

(VIDEO) Helikopter izvlačio devojčicu iz poplavljene kuće, voda već odnela najmanje dve žrtve: Snimljeno dramatično spasavanje cele porodice, bujica razorila sve pred sobom
Mladi kreativci u Rovinju stvarali vlastite stripove: Radionica ponovno oduševila sudionike
