Мнозинството Американци против втор обид за егзекуција и против јавен ТВ-пренос на смртни казни

Една третина од Американците сметаат дека властите треба да направат втор обид за извршување смртна казна доколку првиот бил неуспешен, покажува истражувањето на Ројтерс и „Ипсос“, спроведено по неуспешната егзекуција со смртоносна инјекција во американската сојузна држава Тенеси. Според националното истражување, оние што поддржуваат повторен обид за егзекуција на затворениците кои го преживеале првиот обид се во малцинство. Четиридневното истражување, завршено вчера, покажува дека 39 отсто од испитаниците сметаат оти, наместо повторен обид за егзекуција, властите треба да им овозможат на осудените да ја отслужат доживотната затворска казна, додека 26 отсто се несигурни кој од двата пристапа е посоодветен. Прашањето е актуелно за властите во Тенеси откако минатиот месец 50-годишната Криста Пајк преживеа два обида за егзекуција со смртоносна инјекција во Нешвил. Жената, осудена за убиство, била пренесена во болница во бессознание, во критична состојба и со тешки повреди на рацете, откако две инјекции со корозивниот барбитурат пентобарбитал не успеале да ја предизвикаат нејзината смрт. Пајк се освести дури пет дена подоцна. Ова е втор случај на неуспешна егзекуција со смртоносна инјекција во Тенеси од почетокот на годината. Прашањето добива ново значење и во контекст на судските постапки со кои се разгледува дали властите во одделните сојузни држави можат да…


