klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Митрополит Григориј: Политиката на Бугарија кон Македонија претставува „трагедија на заедничкото добро“

Митрополит Григориј: Политиката на Бугарија кон Македонија претставува „трагедија на заедничкото добро“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·04. 08. 2026. 11:04:30

Архипастирско слово од Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј во чест на Илинден Божествен пророче удостоен со дар пророчки, богоблажен и боговдахновен, ангел на земјата и небесен човеку Илија, изобличителе на неправедниот цар, активен сузбивачу на неправдата, дај му победа на македонскиот народ над непријателите и на душите наши милост голема! А како може да се нарече завојувањето со соседите, освен големо разбојништво, па потем и натаму да се напаѓаат, уништуваат и прекоруваат народи, кои со ништо не ти пречат, ниту политички и економски те загрозуваат? Политиката „направи го својот сосед – просјак (beggar–thy–neighbor policy)“ со средства што имаат тенденција да ги влошат политичките и економските проблеми на соседната држава (неефикасни макроекономски резултати — осиромашување, недоволен развој и политичка неизвесност — општа деституција), е политика што ѝ користи на државата што ја спроведува, а воедно им штети на соседите, во случајот на Бугарија против Македонија. Политиката на Бугарија кон Македонија претставува „трагедија на заедничкото добро“, трагедија на православното христијанство. „Сакај ги ближните свои како себеси “ (Мт 19, 19), значи манифестирање љубов преку границата на своето „јас“. Љубовта спрема својот народ е природно и добро чувство, но национализмот бара нељубов, непријателство и презир спрема соседите. ЕУ извршува протекционистички политики кон Бугарија…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti